Достапни линкови

НАТО ќе го истражува нападот во кој загинаа шест американски војници


Илустрација:

Илустрација:

НАТО ќе поведе истрага за случајот со експлозија на бомба за време на викендот при што загинаа шест американски војници. НАТО ќе истражува за каков тип на експлозивна направа се работи.

Билансот на жртвите од бомбашкиот напад во источниот дел на провинцијата Вардак е најголем инцидент меѓу американските сили, по хеликоптерската несреќа на 19 јануари, кога исто така загинаа шест војници. НАТО поведува истрага затоа што бројот на жртвите е невообичаено висок за напади на патиштата.

Официјални претставници изјавија дека е премногу рано да се каже дали експлозивните направи биле пософистицирани од примитивните уреди кои ги поставуваат Талибанците.
XS
SM
MD
LG