Достапни линкови

Руски воени бродови се упатиле кон руската база во Сирија


Руски воени бродови денеска испловија од своите пристаништа и се упатија на вежби во Медитеранот. Руската новинската агенција Интерфакс цитирајќи анонимен извор јави дека бродови од Северната, Балтичката и од флотата од Црното Море треба да стигнат во руската поморска база Тартус во Сирија. Интерфакс цитираше анонимен извор од Руската морнарица кој вели дека распоредувања се дел од подготвителната програмата на војската и немаат врска со тековната криза во Сирија.
XS
SM
MD
LG