Достапни линкови

Руската Дума го ратификуваше договорот за членство во СТО


Активисти протестираат против членството на Русија во СТО.

Активисти протестираат против членството на Русија во СТО.

Руската Дума денеска го ратификуваше договор според кој земјата ќе се приклучи на Светската трговска организација (СТО). За договорот гласале 238 пратеници , а 208 биле против и еден воздржан.
Владејачката партија Обединета Русија гласаше ЗА, додека другите три партии во Парламентот гласаа против.
Минатата недела, група пратеници побараа од Уставниот суд да донесе одлука за уставноста на договорот, но судот го одобри договорот. Светската трговска организација го одобри членството на Русија во декември 2011 година, по 18 години преговори. Русија официјално ќе се приклучи на глобалната трговска организација 30 дена откако ќе ја информира организацијата за ратификација. Потоа Русија ќе има три години за да ги либерализира своите пазари во согласност со правилата на СТО.
XS
SM
MD
LG