Достапни линкови

logo-print

ЕУ загрижена за случувањата во Романија


Романскиот претседател Трајан Басеску.

Романскиот претседател Трајан Басеску.

Европската унија изрази загриженост за брзината со која Уставниот суд ја потврди суспензијата на романскиот претседател Трајан Басеску. Во петокот на 6 јули романскиот парламент гласаше за отповикување на Басеску. Отповикувањето го иницираше Социјал - либералната Унија, предводена од премиерот Виктор Понта, кој му е политички ривал на Басеску.
Денеска Уставниот суд ја потврди одлуката на парламентот. А референдумот за отповикувањето е закажана за 29 јули.
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, го повика Понта да дојде во Брисел оваа недела за да разговараат за најновите случувања во Романија, која пристапи во ЕУ во 2007 година.
XS
SM
MD
LG