Достапни линкови

Расколот во СДСМ-Куманово го расштима и општинскиот Совет


Совет на општина Куманово.
Совет на општина Куманово.

Претседателот на советот на општина Куманово е исклучен од СДСМ. Тој не го поддржува градоначалникот Дамјановски.

Спротивставувањето од Виктор Цветковски, претседател на Советот на општина Куманово, и дел од советничката група на СДСМ и коалициони партнери во Куманово иницирани од третата кандидатура за градоначалник на Зоран Дамјановски предизвика тектонски движења не само во партијата, туку и во Советот. И додека Цветковски, кој е исклучен од партијата, вели дека за неговото спротивставување на работата на Дамјановски и администрацијата има поддршка од граѓаните и од дел од членството, оние од другата страна велат дека Цветковски е засегнат поради личните интереси, кариеристички побуди, дури и дека е „купен“ од ВМРО-ДПМНЕ. Цветковски ова го негира.
Тука преовладуваат некои нерасчистени интереси во партијата, како и во секоја партија и тука постојат фракции, кои можеби се подбуцнати од страна или се купени.
Анкетиран граѓанин.

Кумановци, запрашани што мислат за расколот во партијата која во Куманово владее безмалку две децении, велат:
Виктор Цветковски, претседател на Советот на општина Куманово.
Виктор Цветковски, претседател на Советот на општина Куманово.

„Тука преовладуваат некои нерасчистени интереси во партијата, како и во секоја партија и тука постојат фракции, кои можеби се подбуцнати од страна или се купени.“

„Според она што се зборува, постои веројатност дека се работи за претензии Цветковски да стане градоначалник. Можеби тоа го прават и од спротивниот табор.“
Далеку е од личен интерес. Имало многу прилики во моето политичко дејствување кога личниот интерес секогаш сум го ставал на страна и тоа моите довчерашни сопратијци многу убаво го знаат, особено оние што ликуваа на моето исклучување. Јас и градоначалникот Дамјановски веќе три години и повеќе интензивно соработувавме на релацијата Совет–градоначалник и делувањето на локалната самоуправа во Куманово. Не сум задоволен од она што го направивме како локална самоуправа во изминатиот период и односот на градоначалникот за многу прашања.
Виктор Цветковски, претседател на советот на општина Куманово.

„Сè е можно.“

„Не знам ништо. Не ме интересира политика.“

Советникот Тони Трајковски од ТМОРО-ВЕП исто така му го сврте грбот на Дамјановски, велејќи дека тоа е политиката на неговата партија, без оглед што пред три години токму Дамјановски му помогна да стане советник, но и да добие вработување во едно локално јавно претпријатие.

„Почитувајќи го ставот на партијата и тргнувајќи од сопственото убедување на гласањето за секоја одлука, во тригодишниот мандат, придонесов за усвојување на сите одлуки предложени од градоначалникот и локалната администрација. Во иднина, за било која точка која ќе е спротивна на интересите на граѓаните на Куманово ќе гласам воздржано, односно против. Ќе ги застапувам интересите на граѓаните и на ТМОРО-ВЕП.“

Цветковски, кој безмалку цел месец е тема број еден, како во редовите на СДСМ, така и во градот, вели дека и натаму останува социјалдемократ. Тој ги менува ставовите, но не и идеологијата на партијата чиј член бил до неодамна. Затоа и како што вели сака да ги искористи сите легитимни средства и ќе се бори до крај раководството на СДСМ да си ја увиди грешката.

„Далеку е од личен интерес. Имало многу прилики во моето политичко дејствување кога личниот интерес секогаш сум го ставал на страна и тоа моите довчерашни сопратијци многу убаво го знаат, особено оние што ликуваа на моето исклучување. Јас и градоначалникот Дамјановски веќе три години и повеќе интензивно соработувавме на релацијата Совет–градоначалник и делувањето на локалната самоуправа во Куманово. Не сум задоволен од она што го направивме како локална самоуправа во изминатиот период и односот на градоначалникот за многу прашања. Од тие причини развојот на овој град не оди во правецот во кој треба да оди. Тие сигнали на граѓаните доаѓаа до мене во изминатиот период, дали се работи за инфраструктурата, за услужноста на администрацијата, дали е во секторот урбанизам и градбите што никнуваат на секој чекор и со правила и без правила и сето тоа ме натера, врз основа на тие убедувања што доаѓаа до мене сметав дека треба да дадам свој придонес. Имено, на ваквите политики и на ваквиот развој на градот да ставам крај, дури и по цена на мојата политичка кариера. Останувам на истиот став дека градот и Општината Куманово не одат во добар правец под водство на градоначалникот Дамјановски. Да, првиот мандат направи, вториот мандат нема со што да се пофали. Јас сметав дека тоа треба да го исправиме“, вели Цветковски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG