Достапни линкови

Анан пристигнал во Багдад на разговори за Сирија


Меѓународен претставник за Сирија Кофи Анан.

Меѓународен претставник за Сирија Кофи Анан.

Меѓународниот претставник за Сирија Кофи Анан пристигнал во Багдад на разговори со ирачкиот премиер Нури ал-Малики за ставање крај на конфликтот во Сирија. Портпаролот на Анан изјави дека Анан и Малики ќе разговараат за влијанието на сириската криза врз Ирак, како и за влијанието врз остатокот на регионот. Претходно Анан го посети и Иран со истата цел. Во понеделникот, Анан се сретна со сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск. Утре се очекува Анан преку видео врска да го информира Советот за безбедност за резултатите од неговата мисија.
XS
SM
MD
LG