Достапни линкови

logo-print

Нов контингент на АРМ замина во мировна мисија во Авганистан


150 припадници на АРМ денеска беа испратени на мисија во Авганистан. Тие заминаа во Кабул во рамки на 13-та ротација на мисијата ИСАФ. Војниците ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул. Во наредните шест месеци тие ќе бидат во рамки на контингентот на Велика Британија. Во оваа ротација ќе биде распореден и менторскиот тим за обука на Авганистанските безбедносни сили кој задачите ќе ги извршува под команда на вооружените сили на Германија, а двајца старешини ќе бидат распоредени во Кабулскиот интернационален аеродром КАЈА.
XS
SM
MD
LG