Достапни линкови

logo-print

Волерс - Поддржуваме подобрување на односите со Грција


Американскиот амбасадор Пол Волерс и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Американскиот амбасадор Пол Волерс и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Сите мерки или разговори кои може да ги придвижат Македонија и Грција напред и да ја подобрат атмосферата се позитивна идеја, рече американскиот амбасадор Пол Волерс.

САД поддржуваат секакви позитивни идеи за приближување меѓу Македонија и Грција. Ова е одговорот на американскиот амбасадор Пол Волерс на прашањето како гледа на листата од иницијативи за поттикнување на добрососедските односи со Грција и конкретно на прашањето за името.
Ги поддржуваме дискусиите што ги води Македонија за сите прашања, особено за прашањето за името. Сите мерки или разговори кои може да ги придвижат двете страни напред и да ја подобрат атмосферата се позитивна идеја.

„Ги поддржуваме дискусиите што ги води Македонија за сите прашања, особено за прашањето за името. Сите мерки или разговори кои може да ги придвижат двете страни напред и да ја подобрат атмосферата се позитивна идеја“, рече Волерс по примопредавањето на донација за Граничната полиција на МВР од американската амбасада во вредност од 68 илјади долари.
Примопредавање на донација за Граничната полиција на МВР од американската амбасада во вредност од 68 илјади долари.

Примопредавање на донација за Граничната полиција на МВР од американската амбасада во вредност од 68 илјади долари.


Оваа донација треба да го зајакне капацитетот на граничната полиција за надзор на следење илегални имигранти во рамки на зелената граница и треба да има значење во подобрувањето на безбедноста на границите.
Сумарно, на територијата на земјава се откриени 316 илегални мигранти, што е за 50 проценти повеќе од истиот период лани. Притоа, речиси половина од нив се од Пакистан, Авганистан, Сомалија, Палестина, Еритреја, Бангладеш, Алжир...

Американската програма за гранична безбедност е активна во Македонија во изминатите 8 години и дава поддршка во вид на обуки и опрема, а нејзина цел е борба против оружјето за масовно уништување. Досега се обезбедени над 850 илјади во опрема и реализирани се повеќе од 50 обуки на над 300 лица во граничната контрола.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека донацијата што преку амбасадата ја добива граничната полиција е дел од повеќегодишна континуирана соработка и дава значително материјално-техничко зајакнување на капацитетите на граничната полиција. Напливот на имигранти, особено од земјите од Азија и Африка, е во нагорна линија и тоа го потврдуваат податоците од изминатите шест месеци, рече Јанкулоска.

„Сумарно, на територијата на земјава се откриени 316 илегални мигранти, што е за 50 проценти повеќе од истиот период лани. Притоа, речиси половина од нив се од Пакистан, Авганистан, Сомалија, Палестина, Еритреја, Бангладеш, Алжир“, рече Јанкулоска.

Во рамки на полициските активности разоткриени се 21 случај, а против 29 лица поднесени се пријави. Економската ситуација во Грција има огромен удел во новонастанатата состојба, а нејзиното нерешавање само ќе ги зголеми ризиците по земјата во наредниот период, рече Јанкулоска. И претходно јужната граница беше најмногу на удар од илегалците кои во потрага по подобар живот сакаат да заминат во побогатите земји од ЕУ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG