Достапни линкови

ХРВ- Кризата ја зголеми ксенофобијата во Грција


World -- Human Rights Watch logo,undated

World -- Human Rights Watch logo,undated

Грчки банди напаѓаат имигранти и притоа остануваат неказнети, а властите ги игнорираат или ги разубедуваат жртвите на нападите да поднесуваат жалби, се вели во извештај на Хјуман рајтс воч на тема ксенофобското насилство во Грција.
Грција е главен транзитен пат за илегалните имигранти од Азија и Африка за ЕУ, а илегалната имиграција се претвори во сериозен проблем во момент, во кој земјата се бори со најтешката економска криза од Втората светска војна досега.
Фактот дека земјата преминува во петта година на рецесија, а невработеноста достигнува рекордно високо ниво, ги засилува антиимигрантските расположенија.
Додека туристите се добре дојдени, имигрантите и азилантите се судираат со непријателство. Имигрантите често се држени и при нечовечки услови и се подложувани на ксенофобско насилство, се вели во извештај на Хјуман рајтс воч.
XS
SM
MD
LG