Достапни линкови

logo-print

Николиќ: Потребен е консензус за Косово


Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека на Србија и е потребен консензус за Косово околу прашањето до која мерка косовските институции можат да ја извршуваат власта и кои се границите зад кои државата може да застане.
- "Мислам дека повеќе никогаш нема да бидам претседател во Приштина, ниту пак претседателот на привремените власти во Приштина никогаш нема да биде претседател во Косовска Митровица", изјави Николиќ.
Според него, потребно е да се постигне консензус за тоа „што е Косово“ и како државата ќе се однесува кон Косово.
- „Треба да утврдиме дека Косово е наше и да имаме единствен став на власта и опозицијата, додаде Николиќ
XS
SM
MD
LG