Достапни линкови

Надворешната политика не е само бекграунд музика


Мит Ромни и Барак Обама
Мит Ромни и Барак Обама

Јасно е како судбина, поддржана со истражување на јавното мислење, дека во оваа претседателска кампања во САД решавачка улога ќе има економијата. Сепак, историјата потсетува дека надворешната политика не е само музика во бекграундот на изборните кампањи во САД, пишува Самјуел Бергер за Форин Полиси.

Кажете ми ја бројката на невработеност во oктомври и ќе ви кажам дали Барак Обама или Мит Ромни ќе биде американски претседател во следниве 4 години. Тука има многу вистина, пишува Самјуел Бергер за Форин Полиси. Тој додава и дека здравствената заштита, имиграцијата, геј браковите, контролата врз оружјето, ќе имаат своја улога, но дека историјата потсетува и дека надворешната политика и националната безбедност имаат и тоа какво влијание во последните 50 години.
Дали Европа ќе остане со главата над вода или еврозоната ќе добие поинаков облик?
Дали меѓународниот притисок врз Иран ќе се засили или Израел ќе го загуби трпението и ќе нападне?
Дали сириската граѓанска војна ќе излезе надвор од границите и ќе го зафати регионот?
Дали Северна Кореја ќе преземе провокативни акции кон Јужна Кореја кои нема да можат да се игнорираат?
Дали терористите ќе се провлечат и покрај робусната одбрана?
Форин полиси.

На Американците им е битно каков човек ќе ја има контролата врз нуклеарното копче, каква личност е командант на армијата. Има многу примери за тоа колку е битен имиџот од времето на Линдон Џонсон, па Џорџ Буш постариот. Има и примери на катастрофални настани со решавачка улога на резултатот на изборот.

Така на пример, проблемот на Џими Картер со иранската заложничка криза што му помогна на Роналд Реган или, пак, настаните на 11 септември и првите денови не ирачката војна имаа големо влијание при ре-изборот на Џорџ Буш помладиот во 2004. И незадоволството од војната има своја улога, и тоа му помогна на Барак Обама. Тој потоа се етаблира како силен командант со успеси против Осама бин Ладен и Ал Каеда, па потоа со робустните одлуки за Авганистан и Либија, па со ребалансот на односите во Азија и пред се како лидер кој го подобри американскиот имиџ во светот.
Барак Обама
Барак Обама

Во врска со справувањето со меѓународните прашања, во истражувањата се вели дека Барак Обама води со 20 поени пред кандидатот на Републиканската партија Мит Ромни. Обама, велат составил и добар тим: Клинтон, Гејтс, Панета и Петреус, кој заедно функционира добро. Но историјата учи дека следниве 5 месеци ќе бидат клучни и посебно по следниве точки:
Кампањата ќе биде за работа, за работа, за работа, но не го отфрлајте светскиот атлас толку брзо.
Форин полиси.

Дали Европа ќе остане со главата над вода или еврозоната ќе добие поинаков облик?

Дали меѓународниот притисок врз Иран ќе се засили или Израел ќе го загуби трпението и ќе нападне?

Дали сириската граѓанска војна ќе излезе надвор од границите и ќе го зафати регионот?

Дали Северна Кореја ќе преземе провокативни акции кон Јужна Кореја кои нема да можат да се игнорираат?

Дали терористите ќе се провлечат и покрај робусната одбрана?

Мит Ромни
Мит Ромни

На еден или на друг начин, Обама и Ромни ќе бидат тестирани до денот на изборите кога ќе се види дали Aмериканците ќе останат задоволни од тоа како Обама се справува со нивниот глобален бизнис или Ромни ќе понуди сериозна и одговорна алтернатива.

Кампањата ќе биде за работа, за работа, за работа, но не го отфрлајте светскиот атлас толку брзо, пишува Самјуел Бергер за Форин Полиси.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG