Достапни линкови

Владата ги исполнила обврските за овој период од Претпристапниот дијалог


Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.

Исполнети и завршени се сите обврски предвидени за овој период кои се однесуваа на Владата од агендата на Претпристапниот дијалог, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Според него останува само натамошно процесуирање и финализирање на истите.

Македонија, сметаат во Владата, во овој момент се наоѓа на едно повисоко скалило во исполнувањето и достигнувањето на стандардите во однос на фазата во која се наоѓа.

Осврнувајќи се на деталите од сработеното од оперативниот патоказ, тој посочи на надминувањето на предизвиците во делот на слободата на медиумите, изборните реформи, развојот на мултиетничкото општество, владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформи во јавната администрација и зајакнување на пазарната економија.
XS
SM
MD
LG