Достапни линкови

Илјадници луѓе без вода, струја и гас по поплавите во Русија


Над 17 илјади луѓе се уште немаат електрична енергија во погодените од поплава региони во Русија, соопшти тамошното Министерство за итни ситуации. Од таму соопштуваа дека 28 илјади луѓе не се снабдуваат со гас, a околу 2. 000 се без вода. Во поплавите што го зафатија регионот на Црното море во Русија, поточно Краснорад загинаа 170 луѓе.

Властите велат дека од поплавите се погодени 48 илјади луѓе, а штетите се проценуваат на околу 133 милиони долари. Опозициската Праведна Русија денеска повика да се истражи како властите се справувале со катастрофата. Руската влада призна дека се направени грешки. Најмалку двајца службеници биле отпуштени од работа поради одговорност за поплавите.
XS
SM
MD
LG