Достапни линкови

Африкански температури до крајот на неделава


Топлото време со температури над 40 степени целзиусови ќе се задржи до крајот на неделава. Деновиве има рекордна потрошувачка на струја и на вода.

Топлото време продолжува, потрошувачката на струја и на вода се зголемуваат, а Министерството за труд и социјала забрани работа на отворено од 11 до 17 часот. Дежурниот синоптичар Лена Јовановска од Управата за хидрометеоролошки работи вели дека највисоката температура денеска ќе достигне 41 степен, а утре до 40 степени.
До крајот на неделава ќе се задржи сончево и многу топло време со многу висока вредност на УВ-индексот, а највисоката температура на воздухот ќе се движи од 35 до 41 степен во четврток, а за време на викендот од 33 до 41 степен. Опаѓање на температурата на воздухот се очекува од почетокот на наредната недела.

„До крајот на неделава ќе се задржи сончево и многу топло време со многу висока вредност на УВ-индексот, а највисоката температура на воздухот ќе се движи од 35 до 41 степен во четврток, а за време на викендот од 33 до 41 степен. Опаѓање на температурата на воздухот се очекува од почетокот на наредната недела“, информира Јовановска.

Поради исклучително високите температури, Министерството за труд и социјална политика бара сите органи во состав на владата, локалната самоуправа и приватните субјекти да ги прекинат сите активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во спротивно, министерството најави дека ќе бидат изречени сериозни казни согласно Законот за безбедност и здравје при работа, без разлика на тоа кој е работодавец.

Во Град Скопје најавија дека е можно да се помести работното време на градската администрација и наместо од 8:30 до 16:30, да се работи од 7:30 до 15:30. Портпаролот на Град Скопје Неделчо Крстевски вели дека се очекува таква одлука да се донесе денеска или утре.

Во владата информираат дека Министерството за труд и социјала прави консултации со УХМР и со сите надлежни субјекти и оти на утрешната владина седница, доколку има потреба, ќе се разговара и за донесување нови мерки за заштита од топлото време.
Во ЕВН информираат дека потрошувачката на струја во јуни и првите 9 дена во јули во однос на истиот период минатите две години е поголема за 5 до 10 отсто. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачевски вели дека зголемената потрошувачка се должи пред сè на повисоките просечни температури годинава кои се движат над 34 степени целзиусови за разлика од 2011 и 2010 кога во просек биле околу 30, но и поради сè помасовното користење на разладните уреди. Тој уверува дека ЕВН е подготвена да интервенира секаде каде што ќе се појави потреба.
Евентуално проблеми може да се појават во централните градски подрачја или поточно во средините каде во текот на зимата корисниците ги затоплувале своите домови користејќи го централното греење или парното, а сега со вклучувањето на разладните уреди се троши многу поголемо количество на електрична енергија.

„Не се очекуваат поголеми проблеми во снабдувањето и покрај најавата на тропските горештини. Евентуално проблеми може да се појават во централните градски подрачја или поточно во средините каде во текот на зимата корисниците ги затоплувале своите домови користејќи го централното греење или парното, а сега со вклучувањето на разладните уреди се троши многу поголемо количество на електрична енергија. И при евентуални поединечни преоптоварувања на мрежата тие проблеми брзо се решаваат“, вели Ковачевски.

Потрошувачката е зголемена во однос на истиот период од минатата година, како и во однос на секоја година претходно и зголемувањето се движи некаде од 15 до 20 отсто врз база на зголемените температури.
Тој информира дека рекордна потрошувачка на струја и во Македонија и во Скопје е постигната вчера. Просечната потрошувачка во јуни во Скопје изнесува 4.600 мегаватчаса електрична енергија, во првите девет дена од месецов се трошеле по 5.200, а вчера во главниот град биле потрошени 5.400 мегаватчаса електрична енергија. Во Македонија, во јуни просечно се трошеле по над 13.500 мегаватчаса струја, во првите 9 дена од месецов се трошеле по над 14.000, а вчера биле потрошени 14.600 мегаватчаса електрична енергија во целата земја.

Викендов е забележана и рекордна потрошувачка на вода во Скопје. Секој скопјанец за еден ден потрошил по 550 литри вода, односно 338 илјади кубни метри. Во овој период дневно просечно се трошат по 327 илјади до 330 илјади метри кубни вода. Потрошувачката на вода е за 15 до 20 отсто повисока во споредба со истиот период лани.

„Потрошувачката е зголемена во однос на истиот период од минатата година, како и во однос на секоја година претходно и зголемувањето се движи некаде од 15 до 20 отсто врз база на зголемените температури“, вели техничкиот директор на Водовод и Канализација-Скопје, Стојан Србиновски.

Тој вели дека единствен посериозен проблем со водоснабдувањето е во населбата Шуто Оризари и апелира до граѓаните порационално да ја трошат водата за да има за пиење.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG