Достапни линкови

Партиска антикорупциска комисија или независен орган


Власта и опозицијата се скараа околу работата на Антикорупциската комисија. Опозицијата обвинува дека телото е партиски орган, власта се брани, а експертите велат дека сомневањата на опозицијата се оправдани.

Работата на Антикорупциската комисија повторно ги скара власта и опозицијата. За СДСМ ова тело останува партиски орган за борба против опозицијата. Власта, пак, уверува дека државната комисија за спречување на корупцијата е независен орган кој професионално и одговорно си ја врши работата.
Голем проблем во Република Македонија во овој момент е една силна политизација на сите регулаторни тела, тој наплив на притисок продолжува и кон другите власти како што е судската власт, невладиниот сектор, мислам дека имаме една пресија на сите полиња од страна на актуелната власт.
Драган Малиновски, поранешeн член на Антикорупциска комисија.

Во годишниот извештај на комисијата е наведено дека во периодот од јануари до декември 2011 година, комисијата работела врз 716 предмети од областа на спречувањето на корупцијата, а од нив решени се 516. Комисијата поднела 13 иницијативи за кривично гонење и тоа 9 во областа на спречување корупција во вршење на јавните овластувања, една од областа на спречувањето на корупцијата во вршењето работи од јавен интерес и три од областа на спречување на корупцијата во политиката.

Нема неселективно работење, Државната комисија е независно тело кое работи согласно законите и значи секој еден кој што ќе се огреши ќе одговар ашпред нашите закони, нема селективност и нема компромис со корупцијата.
Љубинка Корабоска, Државна комисија за спречување корупција.
Покрај ова, овој орган поднел барања за поведување прекршочни пријави против 11 избрани и наименувани функционери поради недоставување анкетен лист. Во овој период по овие и по претходно поднесените барања, судовите донеле 17 одлуки од кои: во 10 случаи е изречена парична казна, во еден случај прекршочна опомена, во два случаи барањето е отфрлено, а во четири случаи настапила апсолутна застареност за водење на прекршочната постапка.

За дел од експертите во оваа област, оправдани се сомневањата во работата на антикорупциската комисија.

„Голем проблем во Република Македонија во овој момент е една силна политизација на сите регулаторни тела, тој наплив на притисок продолжува и кон другите власти како што е судската власт, невладиниот сектор, мислам дека имаме една пресија на сите полиња од страна на актуелната власт“, изјави поранешниот член на Антикорупциската комисија Драган Малиновски.

Актуелната претседателка на комисијата Љубинка Корабоска, пак, уверува дека во борбата против корупцијата никој не е поштеден.

„Нема неселективно работење, Државната комисија е независно тело кое работи согласно законите и значи секој еден кој што ќе се огреши ќе одговар ашпред нашите закони, нема селективност и нема компромис со корупцијата“, изјави Корабоска.

Покренувањето иницијативи за кривично гонење на СДСМ, управителот на А1 телевизија и Плус продукција поради сомневање за злоупотреби на средства за финансирање во изборната кампања, а непостапувањето по случајот за долг од 3, 5 милиони евра во сметката на ВМРО-ДПМНЕ за време на последните избори за опозицијата е сигнал дека комисијата не е независна.

Малиновски смета дека политизацијата на ова регулаторно тело може да се избегне ако се има политичка волја и искрени намери да се надмине тоа.

„Има начини да се избегне доколку се има една искрена политичка волја да градиме систем на владеење на право на почитување на институциите и градење на нивниот капацитет“, изјави Малиновски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG