Достапни линкови

logo-print

Анан: Иран може да помогне во Сирија


Кофи Анан и Али Акбар Салехи

Кофи Анан и Али Акбар Салехи

Меѓународниот пратеник Кофи Анан изјави дека Иран би можело да одигра позитивна улога во решавањето на сиријската криза и оти Техеран понудил поддршка за завршување на конфликтот на мирен начин. Тој ова го рече по денешните разговори во Техеран со иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи. Вчера Анан во Дамаск имаше состанок со сиријскиот претседател Башар ал Асад. Анан не прецизира за каков вид на иранска поддршка станува збор во решавањето на 16 месечниот конфликт меѓу сиријската влада и опозицијата.
XS
SM
MD
LG