Достапни линкови

logo-print

Норвешка: штрајк на вработените на нафтените платформи


Норвешката министерка за труд Хане Бјурстром денеска изјави дека владата презела акција за запирање на 16 дневниот штрајк на работниците на нафтените платформи со цел да се спречи целосното исклучување на испораката на нафта и гас. Норвешка е втор по големина снабдувач на гас во Европа, а дневно на светските пазари обезбедува и над милион ипол барели нафта. Производството требаше да биде запрено денеска откако не беше постигнат договор за работничките пензии. Министерката додаде дека акцијата биле неопходна со цел да се заштитат виталните норвешки интереси.
XS
SM
MD
LG