Достапни линкови

Нов контингент на АРМ во Авганистан


Во Кичево денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќањето контингент на АРМ од составот на првата механизирана пешадиска бригада кој учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. Во 13-та ротација на мировната мисија ИСАФ ќе заминат 149 припадници, а ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул. Во оваа ротација ќе биде распореден и менторскиот тим за обука на авганистанските безбедносни сили. АРМ го започна учеството во ИСАФ во јуни 2006 година. За досегашното професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ добија највисоки оценки од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата.
XS
SM
MD
LG