Достапни линкови

logo-print

Постигната согласност за помош на шпанските банки


Министрите за финансии на еврозоната постигнаа согласност околу роковите за помош на шпанските банки и изразија готовност да му понудат на Мадрид 30 милијарди евра до крајот на месецов. Првиот човек на еврозоната Жан Клод Јункер, по деветчасовните разговори во Брисел, изјави дека спогодбата постигната меѓу 17-те министри ќе биде формално потпишана во втората половина на месецов.
Како дел од спогодбата е вметнато и очекувањето дека министрите за финансии на 27-те земји членки на ЕУ денеска ќе одобрат продолжување за една година на крајниот рок во кој Шпанија треба да го намали буџетскиот дефицит на 3 проценти. Вчера висината на шпанските позајмувања достигна 7 проценти, ниво на кое Грција, Ирска и Португалија беа принудени да побараат пакет за спасување.
Шпанската економија е четврта по големина во еврозоната.
XS
SM
MD
LG