Достапни линкови

Најавено потпишување договор за нова српска влада


Денеска се очекува потпишување спогодба за формирање нова влада на Србија, која ќе ја сочинуваат коалициите околу Српската напредна партија на претседателот на државата Томислав Николиќ и социјалистите, на чие чело е мандатарот Ивица Дачиќ.
Потпретседателката на Социјалистичката партија Славица Ѓукиќ Дејановиќ, најавувајќи го потпишувањето, изјави дека ќе биде пронајдено решение за проблемите што настанале при разговорите со Партијата на обединетите пензионери, кои бараат рамноправен третман.
XS
SM
MD
LG