Достапни линкови

Нејасно дали Русија нема да и` испорачува оружје на Сирија


Руски армиски претставник изјави дека Москва нема да испорачува воени воздухоплови или друг вид ново оружје на Сирија се додека ситуацијата таму е нерешена. Оваа изјава на заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Вјачеслав Џиркал, дадена во Лондон, ја пренесоа руските агенции, но портпарол на Службата во телефонски разговор не го потврдил веднаш неговиот коментар.
Од друга страна, портпаролот на американскиот Стејт департмент Патрик Вентрел изјави дека доколку е тоа вистина, претставува добар знак, меѓутоа тој рече дека сеуште чекаат натамошно разјаснување од Русите.
XS
SM
MD
LG