Достапни линкови

logo-print

Египетската армија бара почитување на уставот


Египетската армија соопшти дека очекува сите државни институции да го почитуваат уставот, упатувајќи со тоа предупредување до претседателот Мохамед Морси, кој го повика парламентот повторно да се собере и покрај воениот декрет за распуштање на тоа тело.
Воениот совет, кој беше на власт во Египет по симнувањето на Мубарак, во јуни го распушти парламентот, по оценката на Врховниот суд дека една третина од пратениците се нелегално избрани. Морси, пак, деновиве повика парламентот повторно да се собере и новите парламентарни избори да бидат одржани во рок од 60 дена по усвојувањето на новиот устав, што пак, не се очекува до крајот на годинава.
Армијата во вчерашното соопштение наведува дека ќе продолжи да ги поддржува легитимитетот, уставот и законите, што, според оценката на Асошиетед прес, значи дека генералите најверојатно ќе се противстават на повторното собирање на пратениците.
XS
SM
MD
LG