Достапни линкови

Поздравени изборите во Либија


Меѓународните официјални претставници и набљудувачите на изборите во Либија ги поздравија изборите за претставници во националното собрание. Набљудувачите го пофалија гласањето велејќи дека спорадичните инциденти на насилство не фрлија сомнеж врз валидноста на изборите. Ниту еден мониторинг тим не беше присутен во проблематичниот јужен дел од земјата.

Прелиминарните резултати се очекуваат за доцна денеска , но комплетните официјални резултати нема да бидат достапни уште неколку дена. Одзивот на гласачите на првите слободни избори во Либија по пауза од неколку децении беше околу 65 проценти.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го поздрави мирното и во демократски дух гласање, а американскиот претседател Барак Обама изјави дека со нетрпение очекува да работи со новото раководство. Со народното востание минатата година беше ставен крај на 42-годишното владеење на Моамер Гадафи.
XS
SM
MD
LG