Достапни линкови

Гордон побарал Србија да го признае постоењето на Косово


Гордон на средба со српските власти.

Гордон на средба со српските власти.

Американскиот помошник државен секретар Филип Гордон денеска во Приштина изјави дека за врема на посетата на Белград на состанокот со претседателот Томислав Николиќ, побарал да се признае „ реалното постоење на демократско и суверено Косово.“ По средбата со косовската претседателка Атифете Јахјага, Гордон изјави дека од од српските власти побарал и да продложат со спроведувањето на договорот постигнат со посредство на ЕУ.

По средбата Јахјага изјави дека на Гордон му пренела дека САД значајно придонеле за стабилноста на Западен Балкан.

Гордон денска треба да го посети северот на Косово каде ќе се сретне со преставниците на КФОР и на Еулекс.
XS
SM
MD
LG