Достапни линкови

Нема нови договори за оружје меѓу Русија и Сирија


Руските власти соопштија дека нема да потпишуваат нови договори за оружје со Сирија, се додека не се среди ситуацијата во земјата. Од руската воена агенција велат дека Русија ќе продолжи со претходно договорениот извоз, но дека нови договори нема да има. Исто така изјавија дека Русија не и продава на Сирија хеликоптери за напад. Денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров разговараше со претставници на сириската опозицијата. Лавров рече дека целта му била опозицијата да се обедини за да ги започне разговорите со сириските власти.
XS
SM
MD
LG