Достапни линкови

Египет - судот ја повтори одлуката за распуштање на парламентот


Зградата на Врховниот суд во Каиро.

Зградата на Врховниот суд во Каиро.

Египетскиот Врховен суд ја потврди својата одлука за распуштање на парламентот. Властите претходно повикаа парламентот да се состане и покрај одлуката на судот. Египетскиот претседател Мухамед Морси вчера повика парламентарците да се вратат на работа се до новите избори кои можат да се одржат во рок од 60 дена од денот на донесување на новиот Устав. Врховниот суд минатиот месец пресуди дека парламентот е невалиден, бидејќи изборниот закон на Египет бил неуставен. Пресудата беше поддржан од страна на владеачкиот Врховен совет на вооружените сили, кој го распушти парламентот.
XS
SM
MD
LG