Достапни линкови

МВР уапси фалсификатори на докумeнти


Министерството за внатрешни работи разоткрило меѓународна криминална група која подолг временски период се занимавала со набавување и фалсификување странски патни исправи, лични карти, возачки дозволи, осигурителни картички, дипломи, но и македонски документи.

Во акцијата под псевдоним „КОНДОР“, приведени се вкупно 12 членови на криминалната група на возраст од 21 до 62 години, од Скопје и Прилеп, додека шест лица не се достапни на органите на прогонот.

При претрес на објектите сопственост на дел од пријавените, пронајдени се опрема и средства кои биле користени за изработка на фалсификуваните документи.
Организираната криминална група е составена од македонски и косовски државјани, чии организатори се двајца македонски државјани, соопшти денеска МВР. Согласно видот и квалитетот на фалсификуваниот документ била определувана и цената која се движела од 100 евра до 3.500 евра
XS
SM
MD
LG