Достапни линкови

Шпанија поттикна нови разговори за кризата


Министрите за финансии од земјите од евро-зоната денеска треба да одржат нови разговори, откако каматите по кои се задолжува Шпанија се искачија на опасно високо ниво. Каматната стапка на шпанските десетгодишни обврзници утрово надмина 7 проценти. Кога каматите по кои се задолжуваат Грција, Ирска и Португалија го достигнаа ова ниво, тие беа принудени да побараат меѓународна помош.
Се смета дека каматните стапки над 7 отсто се неодржливи на долг рок. Министрите за финансии од евро-зоната треба повторно да ги разгледаат и условите за кредитот од 123 милијарди евра за докапитализација на шпанските банки. Сè уште не се знае колку пари ќе и требаат на Шпанија, која е четврта најголема економија во евро-зоната.
XS
SM
MD
LG