Достапни линкови

Карзаи - Талибанците сакаат да разговараат со владата


Претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи.

Претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи.

Претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи вели дека Талибaнците за првпат пројавуваат интерес за разговори со авганистанската влада. Карзаи изјави дека преставници на Авганистанскиот мировен Совет се сретнале со Талибанците и со други опозициски групи пред две недели. Според зборовите на Карзаи, високиот претставник на Талибанците, Кари Дин Мохамад рекол дека се волни да разговараат со авганистанската влада.
На состанокот се разговарала за начините како да се дојде до мирно решение. Талибанците претходно одбиваа директни резговори со Кабул. Портпаролот на Талибанците потврди дека состанок се одржал, но рече дека тие не дале никакви ветувања.
XS
SM
MD
LG