Достапни линкови

logo-print

Дебарските занаетчии затвораат поради нелојална конкуренција


Бакарни ракотворби, илустрација.

Бакарни ракотворби, илустрација.

Регистрираните дебарски занаетчии се жалат дека подобро заработуваат оние кои не се регистрирани, бидејќи нудат многу поевтини услуги.

Нелојалната конкуренција го намалува бројот на занаетчии во општина Дебар. Оние занаетчии кои се регистрирани се жалат дека подобро заработуваат занаетчиите кои не се регистрирани, бидејќи тие на пазарот нудат многу поевтини услуги.
За жал, податоците говорат дека во првите шест месеци од оваа година седум занаетчии се избришани од евиденцијата, додека регистриран е како нов само еден. Меѓу оние кои ги имаат затворено фирмите има механичари, слаткари, фризери и други. Има влијание во намалувањето на занаетчиите и силната миграција и намалениот број на жители во Дебар и селата, но главен проблем е нелојалната конкуренција.

Оваа констатација ја имаат и одговорните во Регионалната комора на занаетчиите во Дебар, која со своите активности ги покрива и занаетчиите и вршителите на занаетчиски услуги во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа.
Фисник Сарачи, Комора на занаетчии од Дебар.

Фисник Сарачи, Комора на занаетчии од Дебар.


„За жал, податоците говорат дека во првите шест месеци од оваа година седум занаетчии се избришани од евиденцијата, додека регистриран е како нов само еден. Меѓу оние кои ги имаат затворено фирмите има механичари, слаткари, фризери и други. Има влијание во намалувањето на занаетчиите и силната миграција и намалениот број на жители во Дебар и селата, но главен проблем е нелојалната конкуренција. Исто така негативно влијаат и одредени бирократски одредби кои ги има во законот околу работата на регистрираните занаетчии, зашто повеќе им се исплатува на занаетчиите да работат на црно и немаат давачки од колку тие да работат легално“, истакнува извршниот раководител на регионалната комора со седиште во Дебар, Фисник Сарачи.
Јас сум градежен работник. Имам регистрирано двајца работници. Но ете повеќе работаат оние кои не се регистрирани, тие немаат давачки и работат евтино, под стандардите. Ова лето имаме проблеми и со нелојалната конкуренција на градежни работици од Албанија, кои овде работат.

Тој додава дека дел од занаетчиите имаат големи проблеми и со нетолерантниот однос на институциите околу начинот на блокирање на жиро сметките.

„Еден голем проблем е и блокирањето на жиро сметките на занаетчиите. Тие наплатуваат придонеси, но за одредени проблеми им се блокираат жиро сметките, без за тоа да има олеснителни околности околу рокот на наплатите, бидејќи знаеме сега има економска криза и тешко се наплатуваат услугите.“

Џафер Мифтаровски од Дебар е градежен работник, има своја фирма односно друштво со ограничена одговорност, но ова лето има многу малку работа. Тој вели дека оваа сезона има голема нелојална конкуренција и од градежни работници кои доаѓаат на работа во регионот на Дебар од Албанија.

„Јас сум градежен работник. Имам регистрирано двајца работници. Но ете повеќе работаат оние кои не се регистрирани, тие немаат давачки и работат евтино, под стандардите. Ова лето имаме проблеми и со нелојалната конкуренција на градежни работици од Албанија, кои овде работат.“

Според најавите на Регионалната комора во Дебар, и во втората половина од годинава ќе продолжи да се намалува бројот на регистрирани занаетчии токму поради нелојалната конкуренција.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG