Достапни линкови

Туристичката сезона изминува, Охрид се координира


Координација за справување со проблемите за време на летната сезона во Охрид.
Координација за справување со проблемите за време на летната сезона во Охрид.

Инспекциските служби во Охрид ги договараа активностите за заеднички настап за спречување на проблемите со кои градот се соочува за време на сезоната.

Во среде туристичка сезона надлежните државни и локални органи во Охрид ги договараа активностите околу координацијата за справување со проблемите ова лето. Градоначалникот Александар Петрески вели дека воопшто не било доцна, иако туристичката сезона во Охрид е во полн ек, а дел од проблемите со кои градот се соочува остануваат нерешени.
Не е премногу доцна. Ние и досега се договаравме. Ова е како од денеска да делуваме. Ние сигурно јавно нема да кажеме кога ќе делуваме, дали вечерва или рано сабајле. Ако се има волја кај сите, очекувам проблемите да ги спречиме.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

„Не е премногу доцна. Ние и досега се договаравме. Ова е како од денеска да делуваме. Ние сигурно јавно нема да кажеме кога ќе делуваме, дали вечерва или рано сабајле. Ако се има волја кај сите, очекувам проблемите да ги спречиме“, рече Петрески.

Раководителот на Пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошале рече дека тоа што е во нивна надлежност ќе продолжат да го спроведуваат и ова лето.

„Ќе придонесеме сè во Охрид да не се случуваат одредени појави. Ќе има и контроли и од надвор. Нема да има само наши инспектори, бидејќи работиме со мал број на инспектори. Нека не се изненадат угостителите ако се направат контроли и од другите градови“, рече Бошале.
Ќе придонесеме сè во Охрид да не се случуваат одредени појави. Ќе има и контроли и од надвор. Нема да има само наши инспектори, бидејќи работиме со мал број на инспектори. Нека не се изненадат угостителите ако се направат контроли и од другите градови.
Ѓорѓи Бошале, раководител на пазарниот инспекторат во Охрид.

Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасковски признава дека Охрид и во овој момент се соочува со серија проблеми како што се несоодветното поставување на урбана опрема, бучавата, како и непочитување на работното време од страна на угостителските објекти. Очекува дека ова лето нема да се повтори сликата од минатото кога во шпицот на сезоната Охрид наликуваше на вистински панаѓур.

„Вината е меѓу нас инспекциите, и тоа мора да се признае. Општинскиот инспекторат во секое време, дали ќе е во 24 часот или во 7 часот наутро, ние стоиме на располагање на сите инспекции. Сега некои инспектори веројатно работењето го решаваат на поинаков начин, но тоа е нивни проблем. Сите имаат заедничка обврска, заеднички настап за решавање на овие проблеми“, вели Танаскоски.

Од полицијата, пак, со ветување дека ќе се погрижат нарушувањата на јавниот ред и мир ова лето во Охрид да бидат сведени на минимум. Портапролот на СВР Охрид, Стефан Димовски вели дека оваа средба помеѓу сите институции е од голема важност.

„Ќе дадеме една добра порака до граѓаните дека сите субјекти кои се директно или индиректно вклучени во делот на безбедноста делуваат синхронизирано“, рече Димовски.

Од општина Охрид очекуваат дека сезонава ќе биде поуспешна од минатата и со многу повеќе гости, а проблемите ќе бидат сведени на минимум.
XS
SM
MD
LG