Достапни линкови

Арифи - европска интеграција придонесува за развој на регионот


Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи.

Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи.

Процесот на европска интеграција е процес кој значително ќе придонесе за понатамошниот развој и напредок на земјите од регионот, a Албанците активно се вклучени и придонесуваат во остварувањето на оваа цел, изјавила вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи која денеска и утре учествува на „Меѓународната конференција за албанското соседство“, која се одржува во Тирана.

Арифи се осврнала и на значењето на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и ЕУ како многу значаен механизам кој дал дополнителен поттик за спроведување на реформите во земјата.

На конференцијата биле опфатени теми како што се зајакнување на регионалната соработка, подобрување на транспарентноста, унапредување на граѓанското општество и поттикнување на младите од регионот поактивно да се учествуваат во развојот на регионот.
XS
SM
MD
LG