Достапни линкови

logo-print

Египет - Собанискиот спикер повика утре да се одржи седница


Египетски парламент, 23 јануари 2012

Египетски парламент, 23 јануари 2012

Спикерот на египетскиот парламент повика парламeнтарците утре да се состанат. Повикот на претседателот на собранието дојде откако вчера египетскиот претседател Мохамед Морси побара парламентот повторно да се свика.

Воениот совет кој беше на власт од февруари минатата година по соборувањето на Хосни Мубарак од власт, минатиот месец го распушти парламентот врз основа на пресуда на Врховниот уставен суд.

Аналитичарите велат дека декретот на претседателот Морси за поништување на одлуката за распуштање на народно собрание веројатно ќе ја интензивира борбата за власт меѓу војската и првиот демократски избран претседател.
XS
SM
MD
LG