Достапни линкови

Анан заминува во Иран на разговори за Сирија


Специјалниот претставник на ОН и на Арaпската лига за Сирија, Кофи Анан.

Специјалниот претставник на ОН и на Арaпската лига за Сирија, Кофи Анан.

Специјалниот претставник на ОН и на Арaпската лига за Сирија, Кофи Анан, изјави дека со сирискиот претседател Башар ал Асад се договориле за „пристапот“ со кој ќе се стави крај на насилството во Сирија.

Зборувајќи по средбата со Асад во Дамаск, Анан не ги соопшти деталите, но рече дека има намера да го разгледа „пристапот“ со обединетата опозиција која сака да стави крај на владеењето на Асад. Според извештаите Анан треба да замине во Техеран за да разговара со тамошните власти за Сирија. Иран и Русија се двете земји големи сојузници на Сирија.

Во Москва денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров е домаќин на делегацијата составена од сириска опозиција. Лавров рече дека Русија е единствената држава која може да разговара со двете сириски страни и со власта и со опозицијата за спроведување на предложениот меѓународен план кој повикува на итен прекин на огнот и на преговори.
XS
SM
MD
LG