Достапни линкови

Авганистанските власти најавија истрага за јавно погубување на жена


Авганистанските власти соопштија дека наредиле истрагата и апсење на талибанските милитанти одговорни за јавното егзекутирање на една жена обвинета за прељуба во северниот дел на Авганистан.

Погубувањето нa жената бешe снимено на видео, што предизвика бес и кај
авганистанската и кај меѓународната јавност.

Министерството за внатрешни работи вети темелна истрага и пронаоѓање на оние кои го извршиле тој „брутален“ акт на насилство и тероризам. Претходно и авганистанската влада го осуди чинот и го опиша како неисламски и нечовечки.
XS
SM
MD
LG