Достапни линкови

Првиот претседател на Азербејџан се вратил во Баку по две децении азил


Првиот претседател на Азербејџан, Ајаз Муталибов.

Првиот претседател на Азербејџан, Ајаз Муталибов.

Првиот претседател на Азербејџан, Ајаз Муталибов, се вратил во Баку по две децении поминати во азил во Русија. Тој беше обвинет за вмешаност во казнувањето на учесниците на протестите во јануари 1990-та, уште познати како „црн јануари“ за време на кои загинаа десетици луѓе.

Во тоа време Муталибов беше главен на Комунистичката партија на Советската Република Азербејџан. Подоцна стана првиот претседател на независната Република Азербејџан. Беше принуден да се повлече од власта во 1992 и испратен во Москва. Новите законски регулативи му овозможија на Муталибов да се врати во земјата од Москва. Тој претходно оваа година најави дека ќе апстинира од политиката. Новиот закон им овозможува имунитет на шефовите на државата, односно ги амнестира за делата додека биле на функција.
XS
SM
MD
LG