Достапни линкови

Туризмот и кошарката најкоментирани


Прилозите инспирирани од владините кампањи за туризмот и оние за неуспехот на нашата репрезентација да се квалификува за Олимпијадата во Лондон, најкоментирани теми на нашата интернет страница.

Бидејќи на +40 и некој степен човек може да мисли само на вода и некаде да отиде барем на некој ден за да се разлади, еве ја, како најкоментирана тема на македонската редакција на Радио Слободна Европа во изминатите десетина дена:
Рекламите сфатете ги како позитивни, како не треба да се однесува домаќин со своите гости.
Коментар на читател.

Владина кампања за туризам.
Владина кампања за туризам.
По рекламите, и туристи ќе останат ендемски вид во Охрид“. Всушност насловот е изваден од мислењата на повеќе туристички работници и граѓани во нашиот бисер, кои ги сметаат за неумесни владините анти-реклами како критика за тоа какви, не треба да бидат домаќините спрема своите гости.
Во градот може само да се помине викенд, а не цел одмор. Во Охрид нема ништо освен разгалени скопјани и белградски мафијаши.
Коментар на читател.

Одамна отсутниот Јосиф Давидов од Скопје пишува дека е вљубен во Охрид и дека не пропуштил ниедна година, барем на некој ден преку лето, да се изнаужива во неговите убавини, во неговиот мир и спокојство. Тој смета дека дел од угостителите во градот го расипуваат позитивниот впечаток, но во исто време, не верува дека намалениот број туристи се должи исклучиво на не баш малиот број такви угостители. Рекламите, вели, сфатете ги како позитивни, како не треба да се однесува домаќин со своите гости.

Миле од Охрид им се извинува на незадоволните, а за рекламната кампања нарачана од Владата смета дека нарачателот треба да ја проанализира, дека концепциски била лоша, ама не била злонамерна.
Грците му платиле на Антиќ за да игра лошо во Венецуела. Мек Кејлеб или Илиевски треба да бидат капитени.
Коментар на читател.

Слушател потпишан чудно со „Нонанем“ се чини не е задоволен од услугите во Охрид и пишува дека во градот може само да се помине викенд, а не цел одмор. И, додава: „Во Охрид нема ништо освен разгалени скопјани и белградски мафијаши“. И повторно „отров“, за нашево радио, овој пат од Македон: дека сме манипулирале со јавноста со секоја можна статија, се', вели, против власта, а знае дека сме биле финансирани ни помалку ни повеќе туку од Пентагон!? А таргет на кампањата не биле „милиони“ гледачи-туристи од светот, туку локалните 100 илјади туристички работници, дека е локална кампања и дека нема простор за лаги. Е, на Македон му одговара некој „Мене“ од „Тука“ и вели: „Пријателе, ако Слободна Европа е финансирана од Пентагон, ти си финансиран од ДПМНЕ и впрочем, подобро е шефот да ти е Американец, отколку пробугарин, пишува „Мене“ и додава во заграда дека инаку тој има бугарско потекло.

И кошарката беше актуелна, барем до пред некој ден. Димче од Битола пишува дека немало никакво оправдување за неуспехот на нашата репрезентација да се квалификува за Олимпијадата во Лондон и најмногу мани му наоѓа на селекторот.

Фебо од Скопје пишува дека е потребна сосема свежа крв во тимот, а МКД од Скопје истура дрва и камења против Антиќ за кого смета дека Грците му платиле за да игра лошо во Венецуела. „Мек Кејлеб или Илиевски треба да бидат капитени“, смета МКД.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG