Достапни линкови

Чекор во вистинска насока или промашен приоритет


За едни бизнисмени, изградбата на пруга кон Бугарија е чекор во вистинска насока, но другите сметаат дека таа кон Албанија е поприоритетна.

За едни – чекор во вистинска насока, за други – промашени приоритети. Вакви се коментарите на домашните бизнисмени во однос на вчерашната најава на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дека напролет почнува изградбата на пругата кон Бугарија. Сепак, стопанствениците се согласни во едно – одлична е веста дека ќе се инвестира во инфраструктура.
Ние дури имаме една теза - Ни еден воз да не пројде низ таа пруга, македонската економија ќе има голем бенефит, затоа што во конкуренција на солунското пристаниште ќе се јави пристаништето во Бургас, а вие знаете дека целокупниот увоз и извоз на Македонија кој оди со бродски транспорт во моментов се одвива преку солунското пристаниште, кое сега за Македонија има монополска позиција.

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека, стратешки гледано, за македонската економија нема подобра вест од изградбата на пругата кон Бугарија.

„Ние дури имаме една теза - Ни еден воз да не пројде низ таа пруга, македонската економија ќе има голем бенефит, затоа што во конкуренција на солунското пристаниште ќе се јави пристаништето во Бургас, а вие знаете дека целокупниот увоз и извоз на Македонија кој оди со бродски транспорт во моментов се одвива преку солунското пристаниште, кое сега за Македонија има монополска позиција.“

Од друга страна, извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Фатмир Битичи вели дека е добро да се изгради пруга кон Бугарија, но оти владата ги промашила приоритетите.
Ние сметаме дека во однос на Коридорот 8, дека проширувањето на железницата кон Албанија во овој момент и во наредните години би била покорисна, отколку инвестирањето во Коридорот 8 во другиот сегмент кон Куманово, но веројатно тоа е само последица на сите досегашни мерки што владата ги презема, а тоа се веќе испланираните нивни проекти во однос на инфраструктурни зафати, без притоа, уште еднаш да кажам, да има адекватно консултирање со самото стопанство.

„Ние сметаме дека во однос на Коридорот 8, дека проширувањето на железницата кон Албанија во овој момент и во наредните години би била покорисна, отколку инвестирањето во Коридорот 8 во другиот сегмент кон Куманово, но веројатно тоа е само последица на сите досегашни мерки што владата ги презема, а тоа се веќе испланираните нивни проекти во однос на инфраструктурни зафати, без притоа, уште еднаш да кажам, да има адекватно консултирање со самото стопанство“, вели Битичи.

Тој смета дека преку изградба на пругата кон Албанија, Македонија би се поврзала со пристаништето во Драч кое е поблиску.

Јанакиески рече дека во декември преку оперативната програма се побарани пет милиони евра за изработка на главен проект за пругата кон Албанија, кој треба да се изработува минимум две години, а потоа би започнала и реализацијата.

Според предизборните ветувања на владејачката партија, наведени во нивниот Манифест за реформи и развој, изградбата на пругата кон Албанија требаше да започне догодина.

За две години е одложен и рокот за изградба на пругата кон Бугарија. Наместо, како што беше ветено во предизборниот Манифест, дека пругата кон Бугарија ќе биде завршена до 2020 година, завршувањето сега е поместено за 2022 година.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вети дека во февруари или во март наредната година ќе почне изградбата на пругата Куманово-Бељаковце. Според неговите најави, овој правец треба да биде изграден најдоцна до 2017 година, пругата од Бељаковце до Крива Паланка да биде завршена до 2020 година, додека последната делница, од Крива Паланка до Деве Баир, треба да почне да се гради во 2017 година и да заврши во рок од пет години, односно во 2022 година.

Изградбата на пруга кон Бугарија почна во 1994 година, а градежните работи целосно запреа во 2004 година.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG