Достапни линкови

Грчката влада доби поддршка во Парламентот


Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Трипартитната коалициона влада на премиерот Андонис Самарас синоќа ја доби поддршката во грчкото собрание. Со тоа, според оценките, е прекинат периодот на несигурност кој доведе до избори кои, пак, за само два месеца мораше да бидат повторени.

Се очекуваше владата на Андонис Самарас да мине со оглед на фактот дека има мнозинство од 179 пратенци во собранието со триста пратенички места.

Треба да се остане во еврозоната, така реши грчкиот народ.
Гласањето се одржа само неколку часа пред состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Брисел каде што на дневен ред е и Грција.

Партијата на Самарас Нова демократија победи на изборите на 17 минатиот месец, но не освои мнозинство поради што беше потребна коалициона влада со социјалистите од ПАСОК и со малата левичарска партија Димас.

Пред гласањето премиерот Самарас побара единство во пресрет на тешкотиите што и претстојат на земјата.

„Треба да се остане во еврозоната, така реши грчкиот народ“, изјави тој, наведувајќи дека и покрај разликите кај трите коалициони партнери, тие имаат заедничка цел, а тоа е да ја извлечат земјата од најдлабоката и надолга рецесија.

Тој се обврза дека ќе ги продолжи реформите кои се содржани во вториот план за помош на Грција а кои ги бараа Европската унија и ММФ.

Реформите и пакетот за спасување беа усвоени во парламентот во февруари годинава, но нивното спроведување беше прекинато поради изборната кампања.

Самарас критикувајќи ја опозиционата партија Сириза, посебно се заложи за покренување на големи програми за приватизација на државните претпријатија и вети дека ќе се обиде да ги убеди странските кредитори да го продолжат периодот на фискалното прилагдување на Грција за дополнителни две до три години.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG