Достапни линкови

Сирија: Анан на разговори со Асад околу мировниот план


Меѓународниот претставник Кофи Анан доаѓа во Дамаск на разговори со сирискиот претседател Башар Ал Асад. Тема е неговиот мировен план за решавање на кризата во Сирија, по шест месеци крвопролевања. Асад за медиумите изјави дека американската поддршка на терористите го опструира планот на Анан. Неговиот коментар доаѓа откако сириската морнарица истрела ракети од бродови и хеликоптери овој викенд во вежба за одбрана на Сирија од можна агресија. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун повика на акција на ОН за да се изврши притисок врз Сирија да престанат насилствата.
XS
SM
MD
LG