Достапни линкови

logo-print

Авганистан и Меѓународната заедница ја осудија јавната егзекуција


Авганистанската влада го осуди исламистичкото и нехуманото јавно прикажување егзекуција на жена од талибанците. Во изјава, владата во Кабул побара да се пронајдат одговорните и да се изнесат пред лицето на правдата. Обвинетата жена беше прикажана како е застрелана од талибанците минатиот викенд во едно село јужно од Кабул.
Авганистанските организации за човекови права изразија осуда, прашувајќи како може да се случи ова и тоа толку блиску до главниот град и пред толку многу луѓе. Тие објавија дека насилствата врз жените се зголемиле во последната година.
XS
SM
MD
LG