Достапни линкови

logo-print

ЕК- Во Западен Балкан пад на економскиот раст, но и на инфлацијата


Европската комисија оцени дека од почетокот на годината дошло до подзапирање на економиите во Западен Балкан, така што во Хрватска, Македонија и Србија е забележано опаѓање на бруто домашниот производ за повеќе од еден отсто, со слични показатели во БиХ и Црна Гора, но воедно и опаѓање на инфлацијата.

Во подробната економска анализа се наведува дека оваа „повторна слабост“ во некои земји во Западен Балкан може е само повремено, бидејќи е одраз на влошените меѓународни околности и состојби во Европската унија, но значајното влијание имаат и лошите зимски услови на производството и извозот.

Се наведува дека во сите овие држави, освен Македонија, е влошен тековниот платен биланс, што е последица на опаѓањето на извозот и зголемувањето на увозот, а во повеќето земји се зголемиле невработеноста и буџетскиот дефицит, и покрај напорите да се намалат трошоците.

Европската комисија укажува на тоа дека ваквите движења во земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство е во спротивност со растот од 4,5 отсто во Исланд и иако забавениот, раст на БДП од 3,2 отсто во Турција во однос на првите месеци од минатата година.

Еврокомисијата предвидува рецесија за Хрватска и пад на БДП за 1,2 отсто, за Македонија раст од 1,7 отсто, за Црна Гора 0,4, за Србија 0,3 проценти, додека за Босна и Херцеговина, Косово и Албанија не се дадени проценки.
XS
SM
MD
LG