Достапни линкови

Атлетичарката Христина Ристеска оди на Олимпијадата во Лондон


Христина Ристеска ќе биде вториот македонски претставник во атлетика на Олимпијадата во Лондон.

На последниот ден од рокот за пријавување на македонските атлетичари за настап на Олимписките игри, Атлетската федерација на Македонија ја повлче одлуката за настап на Ивана Рожман, а на нејзино место на ЛОИ 2012 ќе патува Христина Ристеска.

Одлуката уследи откако Македонскиот олимписки комитет реши на претстојната Олимпијада да не патуваат спортисти кои веќе настапиле со „вајлд карта“.

Христина Ристеска и Кристијан Ефремов ќе настапат на трките на 400 метри.
XS
SM
MD
LG