Достапни линкови

logo-print

Најмалку 150 жртви од поплавите во Русија


Поплавениот руски регион.

Поплавениот руски регион.

Билансот на жртвите од поплавите во јужна Русија се зголеми на најмалку 150 , соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што соопштуваат, поголемиот дел од загинатите се постари луѓе кои не биле во можност да избегаат пред налетот на водата која го погоди регионот на Црното море во петокот. Рускиот претседател Владимир Путин замина во посета на регионот и нареди да се утврди дали можело да се направи повеќе за да се спречи високата бројка на загинати. Државната агенција за водни ресурси на Русија претходно ги отфрли шпекулациите дека пуштањето на вода од блискиот резервоар е одговорно за големите поплави во Крумск.
XS
SM
MD
LG