Достапни линкови

Јахјага подготвена за средба со Николиќ


Косовската претседателка Атифете Јахјага и претседателот на Србија Томислав Николиќ.

Косовската претседателка Атифете Јахјага и претседателот на Србија Томислав Николиќ.

Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека е подготвена да се сретне со претседателот на Србија Томислав Николиќ, дополнувајќи дека единствено тие, како легални и легитимни лидери на држави можат да разговараат, изразувајќи ја вољата на граѓаните.
Во интервју за новосадски „Дневник“ Јахјага истакнува дека преку тие разговори би требало да се најдат „цврсти и постојани решенија, за доброто на граѓаните и двете држави, но кои ќе значат мир и стабилност во регионот и пошироко.“

Според нејзе, новите српски лидери би требало да ја прифатат реалноста и што побрзо да ја признаат Република Косово и двете соседни земји да воспостават дипломатски односи и соработка на патот кон евроатлантските интеграции.
XS
SM
MD
LG