Достапни линкови

logo-print

Египет- уапсени 68 бегалци на границата со Израел


Египетската гранична полиција уапсила 68 Еритрејци и Етиопјани кои се обидувале нелегално да ја преминат границата со Израел. Тие биле уапсени доцна синоќа кога групата од 47 Еритрејци и 21 Етиопиец се обидувале да ја поминат бодликава жица што ја обележува границата. Полицијата соопшти дека секој од уапсените платил по околу 1.000 долари на трговците со луѓе за да преминат во Израел. Границата меѓу Египет и Израел стана главна транзитна рута за економски мигранти, баратели на азил, и на трговци на дрога.
XS
SM
MD
LG