Достапни линкови

logo-print

Приватизацијата е главен приоритет за Грција


Јанис Стурнарас.

Јанис Стурнарас.

Koалициската Влада на Грција ќе се обиде да ја извлече економијата од длабоката рецесија, а приватизацијата ќе биде наш највисок приоритет, ја пренесуваат денеска грчките весници вчерашната изјава на грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас. Според програмата за приватизација се цели кон привлекување значителен меѓународен капитал, кој главно ќе биде инвестиран во јавни работи и инфраструктура. Министерот за финасии рече дека ќе биде дадена предност на 28 приватизации, вклучително и на државните компании за гас и снабдување со вода, поранешниот аеродром во Атина и други аеродроми во земјата, пристаништа за јахти, државните железници и продажба или закуп на 28 државни имоти. Приватизацијата на Државната енергетска корпорација ќе биде оставена за подоцежна етапа.
XS
SM
MD
LG