Достапни линкови

logo-print

Во Франција демолирани гробови на германски војници


Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд

Во Франција биле оштетени надгробните плочи на 40 германски војници кои загинале за време на Првата светска војна, соопштија француските официјални лица. Гробовите се наоѓале на воените гробишта Сент Етен во Арнес во северниот дел на Франција. Спорд француското министерство за внатрешни работи, дрвените крстови на 40 гробови биле искорнати, искршени или пак се користеле за огрев. Полицијата соопшти дека се уште не уапсиле никого во врска со случајот. На гробишта се наоѓат околу 12 илјади воени гробови, поголемиот дел од нив на германски војници. Инцидентот се случил во близина на градот Ремс, каде германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд присуствуваат на церемонијата за прославата на 50-годишнината од помирување на двете земји по Втората светска војна. Меркел го опиша француско-германското договор потпишан на 8 јули, 1962 година како „суштински чекор на патот за обединета Европа.“
XS
SM
MD
LG