Достапни линкови

САД и Пакистан го оставаат минатото зад себе


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и пакистанската министерка за надворешни работи Хина Рабани Кар.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и пакистанската министерка за надворешни работи Хина Рабани Кар.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека САД и Пакистан ги оставија зад себе тензиите од минатото и сега се фокусираат на иднината. Клинтон во Токио за време на донаторската конференцијата за Авганистан, се состана со пакистанската министерка за надворешни работи Хина Рабани Кар.
Клинтот и Рабани се согласиле дека можат да ги остават тешкотиите зад себе и да се фокусираат на предизвиците. Минатата недела беше постигнат договор Пакистан повторно да ја отвори својата територија за силите на НАТО кои ја користат за снабдување на своите единици во Авганистан.
Пакистан ја затвори својата територија неколку месеци, по нападите на НАТО во кој загинаа 24 пакистански војници. Клинтон изјави дека ќе го искористи „позитивниот момент“ постигнат со договорот.
XS
SM
MD
LG