Достапни линкови

Филип Гордон во посета на Белград


Помошникот државен секретар на САД Филип Гордон

Помошникот државен секретар на САД Филип Гордон

Помошник државниот секретар на САД Филип Гордон од денеска престојува во дводневна посета на Белград, каде според најавите ќе се сретне со претседателот на Србија Томислав Николиќ, мандатарот Ивица Дачиќ и лидерот на Демократската партија Борис Тадиќ.

Дачиќ синоќа изјави дека со Гордон ќе разговара за билатералните односи и дека тоа ќе биде разговор како и сите други.

„Не очекувам никаква спектакулрна средба“, рече Дачиќ.

Гордон во Белград ќе допатува од Дубровник, каде од „Кроација самитот“ порача дека од Србија во оваа фаза не се очекува да го признае Косово, но дека ќе мора да го признае фактот дека постои суверено и независно Косово во рамките на овие граници.

После Белград, Гордон ќе ја посети и Приштина. Според најавите, тој ќе го посети и северот на Косово, каде ќе се сретне со претставници на КФОР и ЕУЛЕКС.
XS
SM
MD
LG